12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнува исплатата на социјалната помош

Започнува исплатата на социјалната помош

Министерството за труд и социјална политика информира дека од 6.11.2020 година (петок) започнува исплатата на правата од социјална заштита за месец 10.2020 година:

• Гарантирана минимална помош ГМП

• Социјална парична помош – ретроактивна исплата

• Постојана парична помош – ретроактивна исплата

• Туѓа нега

• Еднократна парична помош

• Мобилност и слепило

• Социјално домување

• Социјална сигурност – социјална пензија

• Парична помош за згрижувач

• Паричен надоместок за згрижувачко семејство

Исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитурите на банките, согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа: 6 ноември –А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; 9 ноември (понеделник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О и 10 ноември (вторник) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 6 ноември 2020 година. Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП