19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА10.000 граѓани ги користат услугите на ЈП ПОЦ по електронски пат

10.000 граѓани ги користат услугите на ЈП ПОЦ по електронски пат

10.000 граѓани ги користат услугите на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ по електронски пат преку мобилната апликација и веб платформата www.poc.mk.

„ЈП ПОЦ е првото јавно претпријатие во земјата кое целосно се дигитализираше и оваа бројка денес ни покажа дека инвестицијата во технологијата е вистинскиот чекор кон подобрување на квалитетот на нашето работење. Со целосната дигитализација на претпријатието секојдневно им овозможуваме на нашите корисници брзо, лесно и едноставно користење на услугите кои се достапни само со еден клик, од било кој уред, на било кое место и во секое време“, изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски.

Повеќе од една година корисниците на веб платформата и мобилната апликација на ЈП ПОЦ имаат можност по електронски пат да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти и да извршат електронско плаќање со платежна картичка. Регистрираните корисници добиваат смс и е-маил нотификации како потсетник за истекување на корисничкиот договор, 30, 15 и 1 ден пред истекот на договорот. Исто така, корисниците можат да плаќаат дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, да вршат проверка на состојба на М-карта со целосен увид на билансот на картата, како и пријавување на гостинска регистарска табличка, проверка на состојбата на гостинските часови и надополнување и плаќање на истите преку платежна картичка, трансфер на пари и/или e-вирман.

Мобилната апликација нуди и дополнителни можности за користење на услугите како: безбедна активна геолокација за прецизна одредба на паркинг зоната, пријавување на комунални проблеми на територија на Општина Центар со прикачување на фотографија и многу други поволности.

Сите жители на Општина Центар кои ќе ја симнат мобилната апликација, добиваат 30 часа бесплатен паркинг во гостинскиот пакет на М-картата, а граѓаните од останатите општини добиваат два часа бесплатен паркинг на паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП