19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„AstraZeneca“ значително ги зголеми своите приходи

„AstraZeneca“ значително ги зголеми своите приходи

Британската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ го искористи растечкиот бизнис со нови лекови. Вкупната продажба на компанијата се зголеми во третиот квартал за 3% на 6,58 милијарди евра. Додека приходите од разни соработки паѓаат, приходите од продажба на производи се зголемуваат за 6%, објави групацијата.

Генерално, „AstraZeneca“ објави профит во третиот квартал што не успеа да ги исполни очекувањата на аналитичарите бидејќи пандемијата ги зголеми трошоците. Другите производители на лекови, како што се швајцарскиот „Novartis AG“ и данската „Novo Nordisk A/S“, исто така наведуваат слични нарушувања.

„Верувале или не, луѓето добиваат срцев удар и не одат во болница затоа што се исплашени“, рече извршниот директор Паскал Сорио за време на конференцискиот повик, исто така, осврнувајќи се на доцнењата во дијагностицирањето и лекувањето на ракот. Производите за инекции и повеќе се погодени од ваквите одложувања“, рече тој.

„AstraZeneca“ објави значително зголемување на бизнисот со лекови против рак. Прилагодената заработка по акција падна за 4% на 94 центи, нешто пониска отколку што очекуваа аналитичарите. Компанијата ги потврди своите цели за целата година.

Заедно со дуото „Biontech“ / „Pfizer“ и американската биотехнолошка група „Moderna“, „AstraZenecа“ е една од водечките компании во трката за создавање вакцина против коронавирусот. Групацијата потврди дека ќе очекува резултати од клучната студија со вакцината подоцна во оваа година. Во интервју за „Bloomberg“, извршниот директор Паскал Сорио го потврди крајниот рок, побивајќи ги шпекулациите за доцнењето.

„На крајот на краиштата, сè уште не знаеме дали вакцината има ефект“, рече Сорио во интервју за „Bloomberg“, додавајќи дека остануваат многу прашања, како на пример дали ќе покаже резултати за секого и колку долго.

„Се надеваме дека вакцинациите од големи размери ќе бидат можни од јануари следната година – веројатно дури и во декември“, вели Сорино.

Како дел од американско истражување, „AstraZeneca“ сега има намера да ја тестира вакцината на повеќе испитаници: 40.000 волонтери сега ќе учествуваат во студијата, наместо околу 30.000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП