24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ е подготвена на силни мерки за заштита на европските фондови

ЕУ е подготвена на силни мерки за заштита на европските фондови

Европскиот совет и Европскиот парламент се согласија да изградат нов режим за заштита на средствата во буџетот на ЕУ. Под германско претседателство, двете институции потпишаа договор во врска со управувањето со следната финансиска рамка (2021-2027).

Договорот предвидува суспензија на парите во рамките на сите средства, како и програмата за закрепнување на Заедницата, во случаи на кршење на принципите на ЕУ, како што е владеењето на правото во земјите-членки што влијаат или ризикуваат да влијаат на здравото, финансиско управување со буџетот на Заедницата или заштита на финансиските интереси на ЕУ.

Еден од преговарачите во име на ЕП, Петри Сарвама, објасни на онлајн брифингот дека земјите од ЕУ ќе бидат следени за европските демократски вредности. За изнаоѓање одлука за покренување на постапката ќе биде потребно квалификувано мнозинство во Советот, односно 55% од земјите што претставуваат 65% од популацијата на ЕУ.

Како можни повреди на владеењето на правото, Сарвама посочи на закана за независноста на судството. „Доволно е ЕК да покрене постапка против земја-членка“, вели Сарвама, додавајќи: „Во срцето на сè е владеењето на правото“.

До денес, ЕК има процедури за кршење на владеењето на правото за контроверзните регулативи во Полска и Унгарија.

Европратеникот Ејдер Гвардијабал Рубиал појасни дека крајните корисници нема да бидат казнети од лошите практики на нивните влади и обврските за плаќање на земјоделците, истражувачките институти и друго ќе остане и ЕК ќе стори сé што е можно за да ги добијат своите исплати.

Сите три европски институции – ЕП, ЕК и Советот – се категорични дека правата на граѓаните мора да бидат заштитени.

Одлуката за нови правила за заштита на европските финансии беше донесена од лидерите на ЕУ за време на нивниот состанок на 17-20 јули 2020-та година.

Идејата за барање демократски принципи при распределбата на европските средства има поддршка од 77% од Европејците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП