26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКлучно прашање: Дали Трамп може да стигне до Врховниот суд и на...

Клучно прашање: Дали Трамп може да стигне до Врховниот суд и на тој начин да го промени резултатот од гласањето во негова корист?

Може ли Доналд Трамп да стигне до Врховниот суд и дали може да го сврти резултатот од гласањето во негова корист? Како што се приближува крајот на пребројувањето на гласовите, ова станува едно од клучните прашања во процесот на избор на нов претседател на Америка.

Трамп, уште пред да стане веројатно дека Бајден ќе го освои мнозинството избирачки гласови, најави дека ќе се жали на неправилностите и ќе побара заштита од Врховниот суд. Сепак, тој не презентираше конкретни аргументи, а неговите противници и повеќето од мејнстрим медиуми тврдат дека тие не постојат и дека, дури и ако стигне до Врховниот суд, тој нема да може ништо да промени.

Врховниот суд во Америка е првенствено апелациона судска инстанца, што значи дека го дава последниот збор за случаи за кои веќе одлучувале пониските судови. Ова беше случај и во познатото пребројување на гласовите од Флорида во 2000 година, кога Џорџ В. Буш по судската одлука го победи Ал Гор со разлика од помалку од 400 гласа. Меѓутоа, во одредени ситуации, Врховниот суд може да одлучи и да интервенира во прв степен.

Во тоа верува Трамп, кој побара од Судот да престане со пребројувањето на гласовите во Пенсилванија.

Изборниот штаб на претседателот се повикува на фактот дека во очи на изборите, правилата за гласање во таа земја се промениле. Наместо таквото гласање да биде исклучок, сега, за прв пат е дозволено, секој што сака може да гласа по пошта без да наведе причини и оправдувања.

Покрај тоа, допуштено е гласовите да пристигнат три дена по денот на изборите. Сепак, Трамп тврди дека таквата одлука е неуставна и дека гласовите што пристигнуваат после 3 ноември не се легални.

Друга тужба на која се потпира Трамп се однесува на Мичиген, каде се бара ново пребројување на гласовите, бидејќи, како што тврди, на претставниците на изборниот штаб на претседателот не им е овозможено да го следат пребројувањето.

Третиот случај, за кој Трамп се надева дека може да заврши во Врховен суд, е Висконсин, каде исто така се бара повторно да се пребројат гласовите.

Трамп може да се надева дека судиите на Врховниот суд, кои се претежно конзерватици блиски до републиканците (некои од нив самиот ги назначи), ќе бидат во негова корист. Сепак, малкумина веруваат дека судиите на институцијата кои уживаат огромна доверба кај граѓаните на САД би се осмелиле без навистина силни аргументи да подготват реприза како на Флорида.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП