20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple оствари приход од 35.3 милијарди долари

Apple оствари приход од 35.3 милијарди долари

aple

„Apple“ ги објави резултатите од своето работење во вториот квартал од оваа календарска година. Профитот на компанијата ги надмина очекувањата на аналитичарите.

Во тромесечието кое заврши на 30-ти јуни, „Apple“ оствари 6.9 милијарди долари профит. Вкупниот приход изнесува 35.3 милијарди долари или нешто повеќе од минатогодишните 35 милијарди. Иако растот е многу голем „Apple“ работеше подобро отколку што очекуваа аналитичарите, па поради тоа акциите на оваа компанија по објавувањето на резултатите пораснаа за 5 проценти.

Што се однесува до останатите бројки, ситуацијата е ваква:

Продадени се 31.2 милиони „iPhone“ уреди, 14.6 милиони „iPad“ и 3.8 милиони „Mac“ компјутери. „iTunes“ на компанијата и донесе 2.4 милијарди долари приход.

„ Бројот на продадени „iPhone“ телефони нуди утеха за инвеститорите кои се загрижени околу побарувачката за паметни телефони. Тоа е една од причините поради која скокнаа акциите. Очекувањата не беа големи за овој квартал“, истакна аналитичарката Шенон Крос.

Покрај тоа што ги оправдаа и ги надминаа очекувањата на аналитичарите од „Apple“ не успеаа да остварат поголем профит во овој квартал во однос на истиот период од минатата година, а аналитичарите сметаат дека „Apple“ мора да претстави нови производи за да продолжи со растот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП