28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПред да дадете отказ, да ве потсетиме на овие работи

Пред да дадете отказ, да ве потсетиме на овие работи

Ако размислувате за промена на работното место или само заминување од постоечкото, веројатно имате дилема како и кога да го направите тоа.

Без оглед на тоа колку не ви е убаво на работното место, никогаш немојте да ги рушите мостовите зад себе.

Убавиот збор ги отвора сите врати, а заминувањето од некое работно место би требло да биде со стил. Животните патишта би можеле повторно да ве одведат на ист пат со некој од поранешните колеги, а лошите чекори во минатото лесно можат да ви се одбијат од глава во иднина.

За да не се случи тоа, ви ги нудиме овие совети, без оглед на причините, како од актуелното работно место да прејдете на ново како што ви доликува.

1. Планирање однапред

Бидете свесни колкав е отказниот рок пред да ја соопштите вашата одлука на надредените. Важно е да знаете какви финансиски последици можете да очекувате во случај да дадете отказ, врз основа на договорот кој сте го потпишале при вработувањето (загуба на привилегии).

2. Одржете го зборот

Ако сте задолжени за некој проект, секако дека е потребно да го довршите до крај. Компанијата, односно, надредените и колегите сметаат на тој дел од работата и не би било во ред да ги оставите на цедило. Заврштете ги сите ваши задачи во компанијата во која сте вработени бидејќи тоа се нарекува професионализам, а така ќе покажете дека и ви го поседувате. Повторуваме, не ги рушете мостовите зад вас, туку градете нови.

3. Не се заканувајте со отказ само за да добиете голема плата

Ова е една од најголемите грешки. Често, вработените незадоволни од својата положба во компанијата или од висината на платата, се обидуваат да ги „уплашат“ надредните најавувајќи им отказ во случај да не им се зголеми платата. Со тоа покажувате нелојалност кон компанијата и колегите. Иако знаеме дека сите работат за платата, и ако не сте го добиле тоа што го барате не треба така да постапувате, бидејќи нема да бидете омилениот колега на работното место и на вас ќе гледаат со ставот „можеби утре повторно ќе дојде со нова закана“. Кај надредените одете со приказната за отказ само ако веќе сте ја донеле одлуката за заминување.

4. Обезбедете си препораки

Препораките за идните работодавци се уште една причина работното место да го напуштите фер и со стил. Овие препораки многу можат да влијаат на вашата иднина, а многу идни работодавци веќе бараат препораки од вашите поранешни надредени. Не сакате да ризикувате новото работно место да ви биде несигурно бидејќи претходното сте го напуштиле налутени и разочарани и тоа јасно сте им го покажале на сите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП