4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНово откритие: Конечно се знае кој симптом се појавува пред температурата

Ново откритие: Конечно се знае кој симптом се појавува пред температурата

Може да се појави губење на чувството за вкус, но тоа е поретко и често се поврзува со губење на мирисот.

За време на епидемијата на коронавирус, многумина од нас наидоа на контролни пунктови на работа или во здравствени установи кои не можевме да ги поминеме без да ја измериме температурата и да одговориме на прашања дали сме патувале некаде или сме биле во контакт со заразено лице.

Иако не се бескорисни, овие процедури се со недостатоци бидејќи повеќето не развиваат треска или не е првиот симптом тоа, а многумина не знаат дали биле во контакт со заразено лице.

Ненси Роусон, биолог и потпретседател на Центарот Монел за хемиски чувства, смета дека би било подобро да се измери способноста на сетилото за мирис за да се утврди кога да се испрати на тестирање за коронавирус.

“Новата анализа на студиите за коронавирус утврди дека 77 проценти од пациентите со коронавирус доживеале делумно или целосно губење на мирисот при тестирањето. Од нив, 44% биле свесни дека го изгубиле и без тестирање. Губење на сетилото за мирис со воспалено грло е исто така еден од најраните симптоми, што го прави покорисна алатка отколку подоцнежните симптоми за да се осигура во заштитата на другите од инфекција”, вели д-р Роусон.

„Тоа е еден од најраните симптоми и се јавува пред треската“, вели таа.

Може да се појави и губење на вкус, но тоа е поретко и често се поврзува со губење на сетилото за мирис. Д-р Роусон вели дека поголемите работодавци може да воведат тест за мирис и цената на еден тест може да биде еден долар, а потоа да ги упати луѓето кои го издвојуваат тој тест како сомнителен, до поскапото тестирање на коронавирус.

За оние кои сакаат да го тестираат чуството за мирис во својата куќа, д-р Роусон вели дека им се достапни бројни производи, како што се кафе, парфем, босилек, рузмарин, паста за заби со мирис на ментол, рози. Сетилото за мирис може да биде оштетено и кај луѓе со Паркинсонова или Алцхајмерова болест, па ваквите тестови можат да ги охрабрат лекарите да ја испитаат можноста за постоење на овие невродегенеративни болести.

Губење на мирис, исто така, се случува со грип, но не толку често како кај ковид, а околу 60 проценти од пациентите со грип го враќаат чувството за мирис. Д-р Роусон очекува слична брзина на опоравување кај пациенти заразени со коронавирус. Таа додава дека губењето на мирис го намалува задоволството од јадење и може да доведе до губење на апетитот. Исто така, поради губење на мирисот, луѓето не можат да препознаат расипана храна или протекување на гас.

Русон вели дека во моментов не постои начин да се третира губењето на чувството за мирис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП