23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно продаде акции и заработи 3 милијарди долари

Повторно продаде акции и заработи 3 милијарди долари

Основачот и извршен директор на Амазон, Џеф Безос, оваа недела продаде сопствени акции од компанијата за повеќе од 3,0 милијарди долари.

Ова го покажаа податоците на Американската комисија за хартии од вредност, пренесува CNBC, повикувајќи се на порталот Openinsider.

Безос ја забрза продажбата на своите акции во последната година. Во август продаде акции на Амазон во вредност од над 3,1 милијарди долари, а пред тоа во февруари за над 4,1 милијарди долари.

Со продажбата на акции оваа недела, тој заработи повеќе од 10,2 милијарди долари од почетокот на годината, што е значителен скок во споредба со 2019 година, кога од продажбата собра 2,8 милијарди долари.

И по последната продажба, Безос сè уште поседува над 53 милиони акции на Амазон во вредност од скоро 170 милијарди долари, што го прави најбогатиот човек на светот.

Тој претходно изјави дека секоја година ќе продава акции за околу милијарда американски долари со цел да го финансира својот стартап за производство на ракети Blue Origin.

Покрај тоа, шефот на Амазон основаше “Фонд за планетата Земја” од 10 милијарди долари во февруари за борба против ефектите од климатските промени, од кој ќе се доделуваат грантови за научници, активисти и други еколошки организации.

Вредноста на Амазон се проценува на 1,6 трилиони долари и скокна за над 75 проценти од почетокот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП