19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците на кладење за изборите потрошиле 400 милиони долари

Американците на кладење за изборите потрошиле 400 милиони долари

На овогодинешните претседателски избори во САД беше срушен нов рекорд во износот на пари што Американците ги потрошија во обложувалниците.

Додека во претходната кампања од 2016 година, во политичкото натпреварување меѓу Доналд Трамп и Хилари Клинтон, беа издвоени 258 милиони долари во обложувалниците Бефтер, во оваа кампања до понеделник, 26 октомври, за истата намена биле издвоени 215 милиони долари.

Во обложувалниците Бефтер и Педипауер, квотите за победа на актуелниот претседател Трамп беа 15: 8, односно 34,8 проценти се шансите за реизбор, што би значело дека ако се обложите на 100 долари на победа на Трамп, во случај на негов реизбор, ќе добиете 287,5 долари .

Од друга страна, пренесува „Демостат“, букмејкерот Вилијам Хил му дава 65,2 проценти шанса за победа на демократскиот кандидат Џозеф Бајден, и ако вложите 100 УСД за негова победа, во случај тој да стане нов претседател на САД, ќе добиете 153 УСД.

Познавачите на ситуацијата наведуваат дека бројот на Американци кои се обложиле на победата на Трамп значително се зголемил минатиот викенд пред гласањето.

Кога станува збор за обложување во колебливите држави како Аризона и Флорида, коефициентот за победи на Трамп е 11: 8, или 42 проценти, додека за Бајден тие се 8:11, или 58 проценти. На Флорида, квотата за реизбор на Трамп е 53 проценти, додека 47 проценти е за победа на Бајден.

Слична е сликата и во Џорџија, каде квотата за победа на Трамп е 58 проценти, а на Бајден 42 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП