18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазарната капитализација на eтерумот скокна за над 200% од почетокот на годината

Пазарната капитализација на eтерумот скокна за над 200% од почетокот на годината

Криптовалутите продолжуваат да импресионираат и во 2020-та година, привлекувајќи сè повеќе внимание од инвеститорите за време на економската несигурност предизвикана од избувнувањето на бранот со Ковид-19, пренесува „AksjeBloggen.com“.

Пазарната капитализација на втората најголема криптовалута во светот, етерум, скокна за 213% од почетокот на годината на 44,3 милијарди долари, што е за 2,5 пати поголемо зголемување од водечката криптовалута биткоинот.

По импресивната изведба во првите два месеци од 2020-та година, пазарната капитализација на етерумот се намали за 58% во втората недела од март, паѓајќи на 12,7 милијарди долари, според „CoinMarketCap“.

Сепак, цената на втората најголема криптовалута во светот скокна брзо, при што пазарната капитализација се врати на 25,1 милијарди долари во вториот квартал од 2020-та година. Статистичките податоци покажуваат дека позитивниот тренд продолжи и во третиот квартал од годината, а вкупна вредност на етерумот достигна 53,5 милијарди долари во септември, скок од 102% за три месеци. Иако последниот месец бележи благ пад, со намалувањето на пазарната капитализација на 44,3 милијарди долари, таа бројка е сепак скок од 250% од март.

Како водечка криптовалута во светот, биткоинот забележа пораст на пазарната капитализација од 86% од почетокот на годината. Во јануари, вкупната вредност на сите биткоини што циркулираа во крипто-просторот изнесуваше 130,54 милијарди долари. Откако нагло падна на околу 90 милијарди долари во март, таа бројка се искачи на 176,2 милијарди долари во јуни, скок од 95% за три месеци. Статистичките податоци покажуваат дека пазарната капитализација на водечката дигитална валута во светот се искачи на 245 милијарди долари на крајот на минатата недела.

Покрај зголемувањето на пазарната капитализација, етерумот забележа и значително зголемување на дневните трансакции ширум светот. Во првиот квартал од 2020-та година, просечниот број на дневни трансакции изнесува 537.900, според податоците на „BitInfoCharts“. Во текот на следните три месеци, оваа бројка падна за 14% до 463.100 трансакции.

Како и да е, на крајот на третиот квартал од 2020-та година, повеќе од еден милион трансакции на етерумот беа регистрирани секој ден во светот, што е за 100% пораст од почетокот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП