18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се справите со тремата?

Како да се справите со тремата?

Постојано имате трема која не ви дозволува пријатно да се чувствувате во вашата кожа, се плашите од јавните настапи и вашата кариера стагнира поради тоа што досега ниту еднаш не сте настапиле успешно пред поголема група на луѓе.

Ова се советите кои ви ги предлагаме со цел да ја минимизирате тремата. Нека ви биде јасно, за да ја победите тремата, најпрво треба да ја „набилдате“ вашата самодоверба, да си дадете важност самите на себе и да се поттикнете самите.

Опуштање

Опуштете се во седечка или стоечка положба. Спуштете ја главата, опуштете ги рамената, затворете ги очите. Дланките и прстите слободно нека висат покрај телото или нека бидат опуштени на држачите на столот. Направете неколку кружни движења со главата. Така ги ослободувате вратните мускули, а тие се најранливи кога сте напнати. Дишете слободно и спонтано.

Дишење

Дишете длабоко и издишувајте преку нос додека броите во себе до 5, 7 или 9 – колку подолго толку подобро. Издишувајте полека и нечујно низ уста, обидувајќи се што подолго да го задржите здивот дијафрагмата. Повторете ја оваа вежба 3-4 пати.

Гестикулација

Изговарајте ја азбуката водејќи сметка секој глас да е правилно формиран и фокусиран. Читајте на глас било кој текст, земајќи ги предвид движењето на телото и усната празнина, особено на движењето на јазикот и усните. Така ќе ги забележите грешки во артикулацијата и своите слаби точки, кои потоа ќе можете да ги поправите.

Вежби

Направете го вашиот глас позвучен. Пејте ги самогласките (а, е, и, о, у), одржувајте ги што подолго време. Зборувајте на глас било што и водете сметка вашиот глас да биде силен и звучен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП