30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегулаторна предлага намалување на цената на парното од 1 август

Регулаторна предлага намалување на цената на парното од 1 август

parno-600x425

Регулаторната комисија за енергетика предлага цената за топлинска енергија од 1 август годинава да се намали за 2,82 отсто за корисниците на „Балкан енерџи груп“, 2,12 за „Скопје Север“ и за 0,71 отсто за корисници што се греат преку „ЕЛЕМ – Енергетика“.

Цената, како што истакна претседателот на РКЕ Димитар Петров на денешната прес-конференција, се однесува за симулација за стан со 60 метри квадратни површина со инсталирана моќ од 7,5 киловати и просечна годишна потрошувачка од 9.000 киловат-часови топлинска енергија.

Цента согласно најновите измени на Законот за енергетика ќе важи до 1 август 2014 година, а компаниите ќе можат да побараат нејзино зголемување само доколку им се зголемат трошоците за работа за повеќе од 5 отсто.

Конечната одлука за цената РКЕ треба да ја донесе до крајот на месецов, а како што истакна Петров на денешната подготвителна седница производителите, снабдувачите и дистрибутерите со топлинска енергија немале некои поголеми забелешки на предлогот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП