28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД официјално се повлече од Парискиот договор за климата

САД официјално се повлече од Парискиот договор за климата

Соединетите држави денес официјално се повлекоа од Парискиот договор за климатски промени, пренесува „Ројтерс“.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп достави официјално известување до ОН за повлекување на САД од договорот, кое стапи на сила денес.

Резултатите од претседателските избори ќе покажат колку таквата одлука ќе остане на сила. Кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден вети дека САД ќе се приклучат на договорот, доколку дојде на власт.

Патриција Еспиноза, извршна секретарка на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, рече дека повлекувањето на САД од договорот ќе остави јаз во глобалните напори за постигнување на целите на Париската конвенција.

Таа посочи дека ОН ќе бидат подготвени да им дадат поддршка на САД во секој обид повторно да се приклучат на Парискиот договор.

Трамп за прв пат објави дека има намера САД да се повлечат од договорoт во јуни 2017 година, тврдејќи дека тој има негативно влијание врз американската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП