Шпанската Влада донесе одлука за драстично намалување на рекламирањето на спортски обложувачници и коцкање во медиумите и на интернет, со цел да се спречат социјалните проблеми предизвикани од зависноста од коцкање, особено кај младите.
Регулативата забранува рекламирање на обложувачници и игри на среќа на телевизија и радио, освен помеѓу 01.00 и 05.00 часот и целосна забрана за рекламирање на интернет и социјалните мрежи.

