2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОглас за локации за бенизиски пумпи и услужни центри долж Коридорот 10

Оглас за локации за бенизиски пумпи и услужни центри долж Коридорот 10

DKapija-Smokvica-_dve-varij

На девет локации долж Коридорот 10 ќе се градат бензински пумпи и услужни центри. За таа цел Министерството за транспорт и врски објави оглас за отуѓување државно неизградено земјиште во општините Велес, Штип, Свети Николе, Демир Капија, Градско и Росоман.

Се работи за две локации во општина Велес од кои едната е на магистралниот пат М-1 и е со вкупна површина од 39.840 метри квадратни, а втората е на регионален пат и е со површина од 49.271 метар квадратен.

Ќе се отуѓуваат и две локации во општина Свети Николе, едната со површина од 41.094 метри квадратни и другата со 58.820 метри квадратни.

На продажба се и една локација во Демир Капија со површина од 21.591 метар квадратен, една локација во Градско со површина од 27.928 метри квадратни и една локација во општина Росоман со површина од 38.054 метри квадратни.

– Сите овие објави се излезени заедно и завршуваат најдоцна на 27 август оваа година. Објавите ќе бидат доставени и до нашите економски промотори за да може да анимираат и странски оператори на бензински пумпи да дојдат во Република Македонија бидејќи се работи за атрактивни локации, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната прес-конференција.

Тој најави дека во најкус временски период ќе бидат објавени уште две локации во општините Прилеп и Вевчани, а во финална фаза се уште четири локации за бензински пумпи во Пехчево, Кавадарци, Прилеп и Валандово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП