2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Њујорк/Лондон – Нафтата изутринава поевтини на светските берзи, како резултат на загриженоста на инвеститорите дека падот на преработувачките активности во Кина би можел да ја намали побарувачката на овој енергенс во втората по голема светска економија. Американската лесна нафта за испорака во септември поевтини за 27 центи на 106,96 долари за барел, додека цената на „брентот“ од Северното Моте на берзата во Лондон се намали за 22 центи на 108,22 долари.

Атина – При финансиски проверки во туристичките реони на Грција во периодот од 16 до 22 јули, властите регистрирале голем број неправилности и затајувања данок, што во некои случаи достигнувале и до сто проценти. Службата за борба против финансискиот криминал објави дека извршила 838 проверки во хотели, барови, ресторани, кафулиња и други угостителски објекти, при што констатирала скандалозни случаи на затајување данок. Вкупно 409 сопственици угостителски објекти се казнети за 2.020 прекршоци.

Атина – Невработеноста во Грција ќе остане висока до 2015 година и ќе биде на ниво од 27 проценти, објави грчкиот весник „Етнос“. Весникот наведува дека бројот на невработени во Грција, Шпанија и Португалија ќе зголемува, но дека веќе и се надѕира крајот на економската рецесија во овие земји. Бескрајното буџетско штедење не даде резултати и невработеноста меѓу младите останува сериозен проблем за еврозоната, тврдат аналитичарите.

Атина – Грција ќе нема потреба да воведува нови мерки за штедење во вид на намалување на плати и пензии оваа и следната година, доколку успее навреме да го намали буџетскиот дефицит, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас. Тој истакна дека Министерството за финансии разгледува начини за давање одредени привилегии за даночните обврзници, доколку тие им приложат на даночните инспекции потврда за платени стоки и услуги од нивна страна, кои ќе се совпаѓаат со нивните реални годишни приходи и трошоци. Според Стурнарас, претстојното, планирано за од 1 август, пробно намалување на ДДВ за угостителскиот сектор од 23 на 13 отсто, се очекува да ја стимулира потрошувачката, да ги доведе даночните коефициенти до конкурентско ниво во споредба со соседните држави, како и да придонесе за намалување на индиректните даноци, веднаш штом тоа ќе го дозволи состојбата.

Атина – Цените на недвижностите во Атина бележат драстичен пад поради кризата, при што метар квадратен станбена површина во некои квартови во грчката престолнина достигна и до сто евра, пишува весникот „Имерисија“. Тоа се претежно станови стари по 30-40 години, кои не е потребно да се реновираат и се прилагодени за живеење. Големата понуда на имоти по толку ниски цени се должи на фактот дека нивните сопственици не се во состојба да ги плаќаат даноците и се принудени да ги продаваат.

Истанбул – Турската централна банка ја зголеми основната каматна стапка и најави дека доколку е потребно ќе преземе дополнителни мерки за да го спречи падот на курсот на турската лира. Зголемувањето на каматната стапка по рефинансирањето од 6.5 отсто на 7,25 проценти е реакција на истекување на капитал, што доведе до поевтинување на лирата до девет проценти во однос на доларот. Несигурноста околу програмата за откупување на државни обврзници од Управата на федерални резерви на САД им нанесе удар на растечките пазарни економии во светот. Врз турските инвестиции негативно влијаеја и демонстрациите минатиот месец против Владата на премиер Реџеп Тајип Ероган.

Никозија – Кипарската Влада сака преструктуирањето на најголемата банка на островот, „Банката на Кипар“ да заврши до крајот на овој месец. Портпаролот на Владата Христос Стилианидис изјави денеска дека по завршувањето на преструктуирањето, управувањето со банката ќе биде вратено на нејзините директори и акционери. Кипарската Влада донесе одлука за преструктуирање на банките на островот, со цел да ги олесни последиците од финансиската криза на земјата.

Џуба – Јужен Судан соопшти дека целосно ќе ја прекине работата на нафтената индустрија следната недела, пред истекувањето на крајниот рок, кој Судан го постави, наредувајќи им на компаниите на своја територија да не ја примаат јужносуданска нафта. Јужносуданскиот министер за нафта Стивен Де Дау изјави денеска дека неговата земја го стопира производството на нафта пред август, кога истекуваше крајниот рок поставен од Картум, со цел да се избегнат штетите за јужносуданската нафтена индустрија поради нејзиното стопирање. Тој додаде дека работата на нафтетниот сектор на Јужен Судан целосно ќе запре до 31 јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП