27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Потребно ни е брзо усвојување на следниот европски буџет

Германија: Потребно ни е брзо усвојување на следниот европски буџет

Германија го повика Европскиот парламент да ги забрза преговорите и побрзо да постигне договор за следниот буџет на Унијата од 1,8 трилиони милијарди евра и поврзаната програма за спасување.

„Гледаме дека пандемијата на коронавирусот го зголемува бројот на заразени повторно во Европа“, рече германскиот министер за финансии Олаф Шолц, цитиран од „Reuters“ во понеделникот. Според него, европратениците мора да дејствуваат сега за да обезбедат негово брзо спроведување.

„Не ни треба одложување во моментов, ни треба брзо законодавство“, рече Шолц пред состанокот на министрите за финансии оваа недела. „Јас можам само да ги повикам сите страни, вклучително и Европскиот парламент, да се воздржат од вообичаените тактики на преговори и да осигурат дека наскоро ќе се постигне консензус“, додаде тој

Пакетот мора да биде договорен и ратификуван до крајот на оваа година за да може финансиската помош да започне да се доделува што е можно поскоро следната година, додаде тој.

Средствата беа договорени од европските влади по самитот во јули, но мора да бидат одобрени од ЕП и ратификувани од националните парламенти на земјите-членки пред да бидат употребени.

Досега европратениците упатија голем број барања за предлогот, што го одложува неговото гласање. Тие вклучуваат повеќе финансирање за истражување и развој, нова временска рамка за воведување даночно законодавство на ниво на ЕУ за финансирање на расходите и врзување на ресурсите со владеењето на правото, услов на кој се спротивставуваат националистичките влади на Унгарија и Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП