19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа излегување од дома само со СМС порака

За излегување од дома само со СМС порака

Грчките власти објавија дека северните грчки градови Солун и Серес ќе бидат целосно затворени во период од 14 дена.

Мерките ќе стапат на сила од утре.

Граѓаните ќе мора да ги известат властите за секое излегување од дома со испратена СМС порака.

На сила ќе биде и полициски час од 21 до 5 часот, а во овој период ќе смее да се излезе само од здравствени причини или неопходна потреба од работа.

Суспендирани ќе бидат и сите домашни и меѓународни летови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП