27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧудо во Турција: После 65 часа спасено девојче во рушевините (ВИДЕО)

Чудо во Турција: После 65 часа спасено девојче во рушевините (ВИДЕО)

По земјотресот што во петокот ги погоди егејскиот брег на Турција и грчкиот остров Самос, спасувачите извадија тригодишно девојче од урнатините на една зграда во Измир.

Три дена по разорниот земјотрес, бројот на жртвите достигна 81, а спасувачките екипи продолжуваат да бараат преживеани во урнатините на осум згради во Измир.

Турските власти објавија дека во Измир загинале дури 79 лица, а Ројтерс објави дека двајца тинејџери настрадале на грчкиот остров Самос.

Снимките на турската телевизија покажуваат како спасувачите во Измир ја извлекле тригодишната Елиф и ја однеле во амбулантна кола.

Во Измир, според извештајот на службата за итни случаи АФАД, биле поставени 3.500 шатори со 13.000 кревети, така што оние што останале без покрив над главата, да имаат барем привремени засолништа.

АФАД исто така објави дека се повредени 962 лица, а до сега 740 пациенти се ослободени од болниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП