Истражувањата велат дека овие фактори предвидуваат дали ќе бидете успешни или не…
Веројатно сте имале прилика да сретнете многу успешни жени, а веројатно и вие самите сте успешни на некој начин, без оглед дали како студент или вработен. Но што е она што на жените им дава можност да изградат сјајна кариера?
Во изминтите неколку децении бројот на жените на високите позиции прилично се зголеми, но сепак, дамите и понатака се во мал број на топ позициите. Што е тоа што жените ги спречува да дојдат до највисоките манаџерски функции? А што е она што некои дами сепак ги довело до директорската фотеља?
1. Асертивност: Способност јасно и директно да кажат што мислат.
2. Агресивност: Во смисла на борбени залагања и конструктивно делување.
3. Емпатија: Слушање и разбирање.
4. Силно его: Самодоверба и успешно надминување на предизвиците.
5. Енергичност: Ентузијазам и грижа за себеси (да, тоа подразбира и доволна количина на сон).
6. Толеранција на стрес: Познавање на начини за опуштање.