4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоба, ноќен клуб и училница: Kако коронавирусот се шири низ воздухот

Соба, ноќен клуб и училница: Kако коронавирусот се шири низ воздухот

Честичките кои ги испуштаме со дишењето за време на неправилно носење маска, можат да заразат луѓе во радиус од пет метри од заразеното лице.

Ризикот од заразување со вирусот SARS-coV-2  е најголем во затворени простории, но овој ризик може да се намали со примена на сите достапни мерки за намалување на аеросолната инфекција: со носење на заштитни маски, вентилација на просториите, како и одржување на растојание.

Шпанскиот дневен весник „Ел Паис“ направи интересна споредба на ширењето на коронавирусот преку воздух во три вообичаени ситуации односно веројатности за инфекција при истите, со примена на одредени заштитни мерки и врз основа на должината на изложеноста на аеросол на заразено лице. Трите ситуации се седење во соба, излегување во ноќен клуб и престој во училница.

Честичките остануваат со часови во воздухот

Она што научниците не го знаеја оваа пролет, сега е јасно:  коронавирусот се шири со аеросол – ситни честички со дијаметар помал од 100 микрометри што ги издишува заразеното лице. Тие остануваат во воздухот со часови и со текот на времето стануваат погусти. Капките (од говор, кашлање или кивање) се поголеми од 300 микрометри, за секунда паѓаат на земја и можат да завршат во очите, устата или носот на луѓето што стојат во близина. Се веруваше на почетокот на пандемијата, дека SARS-coV-2  се шири само преку капки, но сега знаеме дека викањето и пеењето во затворени, слабо проветрени простори за подолг временски период, исто така, го зголемува ризикот од инфекција. Гласниот говор ослободува 50 пати повеќе честички на вирусот отколку кога се молчи.

Честичките кои ги испуштаме со дишење, дури и со неправилно носење на маски, можат да заразат луѓе кои поминуваат повеќе од неколку минути во радиус од пет метри од заразено лице, во зависност од должината на времето и природата на интеракцијата. ”За да се пресмета веројатноста за пренесување, според шпанскиот весник, тие го користеле проценителот на воздушниот пренос  на COVID-19, развиен од група научници предводени од проф. Хозе Луис Хименес, атмосферски хемичар и експерт за хемија и динамика на честичките на воздухот, од Универзитетот во Колорадо. Пресметката не е исцрпна и не ги опфаќа сите варијабли што можат да влијаат на пренесувањето, но служи за да илустрира како ризикот од инфекција може да се намали со промена на условите врз кои имаме контрола: правилна вентилација, скратување на взаемното присуство, намалување на бројот на учесници и како и носењето маски.

Пресметките презентирани во три различни сценарија се засноваат на студии за тоа како се случува преносот на аеросол, користејќи вистински епидемии детално анализирани, како што е проба на хор во САД во март. На пробата присуствуваа 61 лице. Беа направени напори да се одржи безбедно растојание, но тие беа без маски и без вентилација. Само едно заразено лице го пренело вирусот на 53 лица во рок од два и пол часа, од кои двајца починале. Некои од заразените биле на оддалеченост од 14 метри.

Пресметување на сценариото на ширењето

По внимателно проучување на оваа појава на инфекција, научниците успеаа да пресметаат до кој степен ризикот можеше да биде ублажен доколку преземеа мерки против пренесување преку воздух. На пример, ако се носат маски, ризикот ќе се преполови и само околу 44% од присутните ќе бидат засегнати, во споредба со 87%. Доколку пробата се одржуваше пократко во простор со поголема вентилација, ќе беа заразени само две пејачки.

Овие сценарија за супер-експанзија се чини дека се клучни за развојот и ширењето на пандемијата, што значи дека имањето алатки за спречување на масовно пренесување на вакви настани е клучно за нејзино контролирање. Сепак, точноста на проценителот е ограничена бидејќи се потпира на броеви кои се уште се несигурни – кои опишуваат, на пример, колку заразени вируси емитира една инфицирана личност. Проценувачот претпоставува дека луѓето го применуваат правилото за социјално растојание од два метра и дека никој не е имун. Нашата пресметка се заснова на стандардна вредност за општата популација, која вклучува маски и гласен говор, што ја зголемува количината на исфрлен аеросол.

Истражувачите го споредиле ширењето на вирусот во затворено со и без мерки на претпазливост

СЕМЕЈСТВО / ПРИЈАТЕЛИ ВО СОБА

Околу 31% од епидемиите на коронавируси регистрирани во Шпанија се предизвикани од собири на семејството и пријателите. Без оглед на растојанието, ако шест лица поминат четири часа заедно со гласен разговор, без да носат маска за лице во просторија без вентилација, петмина ќе се заразат. Со маски, четири лица се изложени на ризик од инфекција. Само маските нема да спречат инфекција доколку се продолжи изложеноста. Ризикот од инфекција е намален на помалку од еден, доколку сите носат маски, се дружат два часа и ја проветруваат просторијата.

НОЌЕН КЛУБ

Присуството на вирус во ноќен клуб инфицира во просек 27 лица, во споредба со само шест за време на семејни собири. Една од овие појави се случила во еден клуб во шпанскиот град Кордоба на југот на Шпанија, каде што 73 лица биле позитивни на тестот по една ноќ надвор. Научниците неодамна анализираа и епидемија во еден бар во Виетнам, каде 12 обезбедувачи се заразија со вирусот.

УЧИЛИШТА

Училиштата учествуваат само со 6% од епидемиите на коронавируси регистрирани во Шпанија. Динамиката на пренос на аеросол во училницата се менува целосно во зависност од тоа дали заразеното лице е ученик или наставник. Наставниците зборуваат многу повеќе од учениците и го креваат својот глас за да бидат слушнати, што мултиплицира исфрлање на потенцијално заразни честички. Инфициран студент зборува само повремено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП