Британка на фејсбук групата “Cleaning Tips & Tricks” откри како се ослободила од мувлата без премногу мака. Прво побарала помош од другите членови на групата и по бројни совети се одлучила за онаа што вклучува само две состојки.
Така, таа на критичните делови, односно на рабовите на туш кабината ставила памук натопен со избелувач и ги оставила преку ноќ, а утрото целата површина била бела и без мувла. Дури и таа била изненадена од таквиот резултат, па мораше да им се пофали на сите во групата.

