7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали ќе исчезнат банкнотите? Користење на готовина на најниско ниво во историјата

Дали ќе исчезнат банкнотите? Користење на готовина на најниско ниво во историјата

Само девет проценти од Швеѓаните користеле готовина при последното купување, утврдила централната банка.

Пандемијата на коронавирусот ја забрза транзицијата на плаќања со картички и дигитални плаќања, соопшти банката.

Употребата на готовина во Шведска се намалува веќе со години и централната банка предвидува дека за 10 до 20 години монетите и банкнотите може целосно да исчезнат од употреба.

Од 2010 до 2020 година, уделот на граѓаните кои користеле готовина во последното купување паднал од 39 на само девет проценти, покажа новото истражување на Риксбанк.

Швеѓаните сè повеќе се потпираат на електронски плаќања, вклучувајќи ги дебитните картички и “Свиш” – апликација за мобилно плаќање, открива Риксбанк. Во последните 30 дена, сè повеќе луѓе користат картички.

Во последните 30 дена, повеќе од 90 проценти од Швеѓаните користеле дебитна картичка при купување, а 75 проценти од нив користеле Свиш. Само 50 проценти од нив платиле во готово.

„Употребата на готовина е на најниско ниво во историјата“, заклучува Риксбанк.

„За да се подготвиме за иднината во која сè помалку луѓе ќе плаќаат во готово, Риксбанк ја истражува можноста за издавање дигитална валута, т.н. е-круна“, додаваат тие.

Пандемијата на коронавирусот го забрза овој тренд, бидејќи многу граѓани работеа од дома и помалку одеа по продавници “, наведоа од централната банка. Што ако се расипат електронските системи?

Исчезнувањето на готовина го покренува прашањето што ќе се случи во случај на дефект на системите за електронско плаќање.

Иако готовината може релативно лесно да се фалсификува и пере, тие исто така имаат важни предности во однос на дигиталните пари. На пример, не се потпира на електрична енергија или на комплексна инфраструктура, а Риксбанк заклучува дека сигурно мора да остане како резерва.

„Мислењето на Риксбанк е дека на оние кои сакаат да користат готовина треба да им биде дозволено да продолжат да го прават тоа“, соопшти централната банка.

„Исто така, потребно е во време на криза и состојба на зголемена подготвеност во Шведска, сите видови плаќања да продолжат да функционираат“, додаваат тие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП