5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната е согласна да одблокира 2,5 милијарди евра за Грција

Еврозоната е согласна да одблокира 2,5 милијарди евра за Грција

photo_verybig_104707

Земјите-членки на еврозоната се согласни на Грција да и се исплати следната транша од 2,5 милијарди евра за антикризната програма.

Одлуката за исплатата на новата транша пари за Грција треба да биде донесена во текот на денот на телеконференцијата на која ќе учествуваат претставници на министерствата за финансии на 17 земји-членки на еврозоната, на Европската централна банка и на Европскиот стабилизациски фонд.

Тоа ќе биде првиот дел од траншата од 6,8 милијарди евра за Грција. До крајот на летото Атина треба да ја доби и втората транша од 1,5 милијарди евра од еврозоната.

Третиот пакет помош од 1,8 милијарди евра треба да биде исплатен од ММФ во август, а во октомври еврозоната ќе и даде на Грција уште една милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП