15 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПродадени се повеќе од 1,5 милијарди видео игри за „PlayStation 4“

Продадени се повеќе од 1,5 милијарди видео игри за „PlayStation 4“

Иако доаѓањето на најновата генерација на конзолата е пред нас, продажбата на „Playstation 4“ не се забавува.

Интересот е секако помал отколку во претходните години, но многумина дури сега ја купуваат „четворката“ бидејќи цената паѓа подрастично. Индикатор за тоа се резултатите од продажбата собрани до 30-ти септември.

Имено, досега се продадени над 113,6 милиони примероци од конзолата „Playstation 4“, околу 3 милиони повеќе уреди отколку во мај годинава. Импресивна и уште посилна продажба има во видео игрите во секоја форма, каде што се продадени околу 1,5 милијарди од претставувањето на оваа генерација.

Навистина импресивна бројка што зборува за себе колку успех имал „Sony“ со ексклузивните објави во претходните 7 години. Според познатиот аналитичар Даниел Ахмад, тоа значи дека секој корисник на конзолата „PS4“ има во просек околу 13 видео игри во негова сопственост.

И кога ќе се појави „Sony Playstation 5“, „PS4“ ќе остане прв избор за многумина барем уште некое време, бидејќи се очекува недостиг на нови конзоли, а „Sony“ продолжува да издава видео игри и за стариот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП