АВТОБИЗ

Porsche слави 10 години производство на хибридни автомобили

Повеќе од 75.000 хибридни автомобили се направени во фабриката на „Porsche“ во Лајпциг.

„Porsche“ уште во 2010-та година го претстави „Cayenne S Hybrid“ и тој луксузен „SUV“ едноставно ја воодушеви планетата.

„Со текот на годините „Porsche“ еволуираше од технолошки пионер до единствен производител во премиум сегментот кој нуди три „plug-in“ хибриди“, нагласи Албрехт Рејмонд, член на извршниот одбор за производство и логистика во „Porsche AG“.

„Porsche“ е во целост фокусиран на Е-перформансите во својата фабрика во Лајпциг. Доволно е само да се погледне составот. „Panamera S Hybrid“ таму го прослави својот почеток на производството само една година по светската премиера на „Cayenne S Hybrid“.

„Porsche“ го дополни асортиманот на „plug-in“ хибридни автомобили до додавањето на новата „Panamerа 4S E-Hybrid“ и нејзиниот целосно нов погонски систем со моќност од 560 KS, a од фабриката во Лајпциг досега се излезени повеќе од 75.000 хибридни автомобили.