29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во ЕУ и еврозоната остана непроменета во септември

Невработеноста во ЕУ и еврозоната остана непроменета во септември

Невработеноста во еврозоната и Европската унија (ЕУ) останаа стабилни во септември со 8,3%, односно 7,5%. На годишна основа, сепак – во споредба со септември 2019-та година, има зголемување за 0,8 процентни поени и 1,1 процентен поен, според податоците на европскиот завод за статистика „Евростат“.

Заводот за статистика проценува дека вкупно 15,99 милиони луѓе во ЕУ, од кои 13,612 милиони се државјани на земјите од еврозоната, биле без работа во септември. Во споредба со август, нивниот број се зголемил за 42.000 луѓе во ЕУ и за 75.000 луѓе во еврозоната, а на годишно ниво растот е за 1,811 милиони луѓе и 1,376 милиони луѓе, соодветно.

Во септември, според податоците на „Евростат“, скоро 3 милиони млади лица на возраст под 25 години биле невработени. Од нив, 2,45 милиони се граѓани на земјите од еврозоната.

Стапката на невработеност кај младите достигна 17,1% во ЕУ и 17,6% во еврозоната во септември, што се намалува од 17,8% и 18,3% во август, соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП