23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуската економија порасна на рекордно високо ниво во третиот квартал

Француската економија порасна на рекордно високо ниво во третиот квартал

Француската економија порасна со рекордно темпо во третиот квартал – закрепнување што веќе е под знак прашалник поради вториот бран на коронавирусот и новите ограничувања на владите низ цела Европа што привремено ќе ги затвори бизнисите.

Скокот на бруто домашниот производ е 18,2%, надминувајќи ги очекувањата на економистите. Следеше пад од 13,7% во претходните три месеци, кога активноста скоро престана меѓу напорите да се спречи пандемијата.

Поновите индикатори даваат далеку помрачна слика, бидејќи економијата на блокот сега е во опасност да се врати во рецесија. Европската централна банка ја призна растечката опасност и сигнализираше дека ќе воведе повеќе стимулации во економијата во декември.

Според прогнозата на францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер, француската економија ќе се намали за 11% во 2020-та година во споредба со претходната прогноза за пад од 10%.

Новата национална блокада на Франција ќе ја погоди економијата бидејќи многу продавници и бизниси треба повторно да се затворат, како што се случи за време на претходните ограничувања во март, пренесува „Reuters“.

Сепак, Ле Мер повтори дека се надева дека Франција ќе се врати на пристојниот економски раст до 2021-ва година.

Ле Мер оваа недела рече дека вкупните трошоци за финансиска поддршка за компаниите за време на блокадата ќе бидат 15 милијарди евра за секој месец од блокада, која ќе трае до 1-ви декември, но може да биде продолжена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП