17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цените на нафтата поради лошите вести од Кина

Пад на цените на нафтата поради лошите вести од Кина

cc

Нафтата изутринава поевтини на светските берзи, како резултат на загриженоста на инвеститорите дека падот на преработувачките активности во Кина би можел да ја намали побарувачката на овој енергенс во втората по голема светска економија.

Американската лесна нафта за испорака во септември поевтини за 27 центи на 106,96 долари за барел, додека цената на „брентот“ од Северното Моте на берзата во Лондон се намали за 22 центи на 108,22 долари.

Прелиминарните податоци на банкарскиот гигант ХСБЦ покажаа дека индексот на управување со набавката (ПМИ) за кинескиот индустриски сектор во јули се намали на најниско ниво во последниве 11 месеци на 47,7 поени од јунските 48,2 поени.

Индек од над 50 поени укажува на јакнење на секторските активности, а под 50 поени за нивно слабеење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП