25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинеската банка ICBC повеќе не е број еден!

Кинеската банка ICBC повеќе не е број еден!

app_ICBC_daylight_big

Индустриската и комерцијална банка на Кина (ICBC) ја загуби лидерската позиција како најголема светска банка според пазарната капитализација.

„ICBC“ и го предаде првото место на американската банка „Wells Fargo“.

Според проценките на њујоршката берза на која котира „Wells Fargo“, пазарната вредност на оваа американска банка е 236 милијарди долари, додека според кинеските податоци вредноста на „ICBC“ изнесува 233 милијарди долари.

Шестгодишното лидерство на „ICBC“ како најголема светска банка почна во јули 2007-та година, а нејзината вредност во ноември истата година го достигна врвот од 374 милијарди долари, благодарејќи на брзата експанзија на кинеската економија.

Меѓутоа „ICBC “ од врвот на ранг листата беше симната на 12-ти јули оваа година, а „Wells Fargo“ дојде на нејзиното место.

Оваа промена доаѓа во моментот кога втората најголема светска економија го губи интезитетот, а минатомесечната кризна ликвидност претставува нов ризик пред банкарскиот систем на оваа земја.

Кинеската економија во периодот од април до јуни на годишно ниво порасна за 7.5 проценти што е послабо во однос на првите три месеци од оваа година кога имаа раст од 7.7 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП