Трговскиот центар „Галерија Београд“ беше отворен во населбата “Беoград на води”. Изградбата на објектот од 300.000 квадратни метри започна во 2017 година, а инвеститор е компанијата “Игл Хилс” од Обединетите Арапски Емирати.
Станува збор за трговски центар на самииот брег на Сава со 300.000 квадратни метри вкупна површина, 93.000 квадратни метри простор за изнајмување и 3.600 места за паркирање.
Објектот ќе има околу 300 барови и 50 ресторани, како и кино со повеќе од 1.700 места. Покрај новите брендови, Галеријата ќе ги претстави и постојните брендови со нивните премиум изданија.




