Прилепска Пиварница продолжува со мерките и активностите како одговор на бројот на заболени и ситуацијата со пандемијата на ковид-19, обезбедувајќи донација на средства во износ од 1.200.000 денари наменети за општата болница ЈЗУ „Борка Талески“ и за Брзата помош во Прилеп.
Дел од средствата ќе бидат наменети како директна парична поддршка на медицинскиот и на другиот персонал од инфективното одделение на болницата како и на вработените во Брзата помош, чија вкупна бројка изнесува 83 лица. Останатиот дел од донацијата ќе биде наменет за воспоставување на системот за поврзување на кислородната станица со инфективното одделение на болницата и на тој начин пациентите болни од ковид-19 брзо и непречено ќе ја добијат својата медицинска помош.

