24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси 200 европски аеродроми пред колапс! Загрозени 277.000 работни места

Речиси 200 европски аеродроми пред колапс! Загрозени 277.000 работни места

Здружението на европски аеродроми предупредува дека во наредните месеци, 193 аеродроми се изложени на ризик од неликвидност, ако патничкиот сообраќај не започне да се опоравува од шокот предизикан од ковид-19.

Овие центри обезбедуваат 277.000 работни места и учествуваат со 12,4 милијарди евра од европскиот БДП, се вели во соопштението на организацијата.

Иако аеродромите кои се соочуваат со неликвидност се претежно помали регионални центри, нивното затворање може да има ефект врз економиите и да доведе до „колапс на значителен дел“ од европскиот систем за воздушен транспорт, според Советот за меѓународни аеродроми.

Дури и поголемите аеродроми не се имуни на влијанието на пандемијата на вирусот ковид-19, што го намали сообраќајот на патници за 73 проценти само во септември. Европските аеродроми минатиот месец опслужија 172,5 милиони патници помалку, со што вкупниот обем на загубени патници во оваа година се зголеми на 1,29 милијарди.

Најдобрите 20 европски аеродроми го зголемија својот долг за 16 милијарди евра за време на кризата, а според проценките на „АЦИ“, тоа изнесува скоро 60 проценти од нивните приходи генерирани во нормални околности во текот на годината.

„Објавените податоци даваат драматично мрачна слика. Осум месеци по избувнувањето на кризата, сите европски аеродроми трошат готовина за да останат отворени, а приходите се далеку од можноста да ги покријат трошоците за работење, а камоли за капиталните трошоци“, рече Оливие Јанковец, извршен директор на „АЦИ Европа“.

„АЦИ“ ги повика владите да дадат поголема поддршка на погодениот сектор и рече дека повторното воведување карантин наместо тестирање не носи ништо добро, и само „ги носи европските аеродроми на работ со секој изминат ден“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП