Шефот на францускиот концерн за производство на луксузна роба LVMH, Бернард Арно, најбогатиот Французин, минатата недела го зголеми своето богатство за осум милијарди долари, по растот на цените на акциите, пренесува Форбс.
Пандемијата од коронавирусот го уништи светскиот пазар на луксузни стоки, но минатата недела конгломератот „Луј Витон“ објави знаци на закрепнување во таа активност, така што во периодот од 15 до 22 октомври, вредноста на акциите на концернот се зголеми за шест проценти, пренесува Б92.

