18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Топ 50 нема ниту една руска компанија

Во Топ 50 нема ниту една руска компанија

gazprom

Рускиот енергетски холдинг „Газпром“ отпадна од групата на 50-те најголеми компании во светот во рангирањето на „Financial Times“ и така меѓу водечките корпорации не остана ниту една руска.

Во годишната листа на „Financial Times Global 500“, ги вброиле 500-те најголеми компании на планетата, а меѓу нив се најдоа само 8 руски.

„Газпром“ го зазеде 57-то место, бидејќи за изминатата година неговата пазарна проценка е намалена за 30.4 проценти до 101.4 милијарди долари. (Податоците се кон крајот на првиот квартал на 2013-та година). Во минатогодишната оценка компанијата беше на 31-вото место со 145.7 милијарди долари,  а една година порано и беше определено 15-тото место со 190.8 милијарди долари.

Својот најдобар резултат „Газпром“ го достигна во мај 2008-та година, непосредно пред избивањето на глобалната криза. Тогаш инвеститорите ја проценуваа со над 365 милијарди долари, а тогаш извршниот директор Алексеј Милер зборуваше дека за 7-8 години може да достигнат и до 1 трилион долари.

Во октомври истата година следеше шок, девалвација до 77.1 милијарди долари. Во годините потоа започна обновување, но во април оваа година нејзината оценка повторно падна под психолошката граница од 100 милијарди долари. Вчера на московската берза нејзината оценка беше 94.4 милијарди долари.

Број еден во Топ-500 втора година по ред е „Епл“ со  415.7 милијарди долари и тоа со намалување од 25.6 проценти. Втора, како и минатата година е „ExxonMobil“ ( 403.7 милијарди долари), а трета е „Berkshire Hathaway“ на инвеститорот Ворен Бафет ( 256.8 милијарди долари).

Од руските компании добро се пласираше „Роснефт“  со благо поместување од 81-то на 79-то место со 75.6 милијарди долари.

„Сбербанк“ загуби 11 позиции до 97 место ( 70.9 милијарди долари), а другата руска банка, „ВТБ“ воопшто не влезе во листата, откако минатата година го заземаше 366-то место.

„Лукоил“ загуби 10 позиции до 142 место ( 54.5 милијарди долари), следна со загуба од речиси 50 места е „Сургутнефтегаз“ на 231 позиција ( 37.3 милијарди долари). „Норникел“ е 277-ми со 32.1 милијарди долари и пад од 55 позиции на листата. „Новатек“ се распадна уште подраматично – со цели 117 позиции до 297-мо место ( 30.7 милијарди долари). На 450-та позиција е последната од руските компании – „Уралкалај” ( 21.8 милијарди долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП