26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпаниите од еврозоната продолжуваат со банкарските заеми

Компаниите од еврозоната продолжуваат со банкарските заеми

Компаниите од еврозоната земаат нови банкарски заеми како подготовка за вториот бран на коронавирусот, зголемувајќи го стравот од нови економски ограничувања и рецесија, објави „Reuters“, повикувајќи се на податоци на Европската централна банка.

Кредитирањето на нефинансиските корпорации во 19-те земји од еврозоната се зголеми за 7,1% во септември, приближувајќи се на највисокото ниво во последните 10 години од 7,3% достигнато во мај.

Бидејќи голем дел од економијата во еврозоната беше затворена поради пандемијата, компаниите побрзаа да ги искористат линиите за вонредни кредити во оваа година, поддржани од владините гаранции и финансирање на централната банка со стапки до минус 1%.

Но, истражувањата исто така покажуваат дека банките стануваат сè позагрижени за растечкиот кредитен ризик, со оглед на пандемијата, што ги забавува очекувањата за релативно брзо закрепнување.

Во меѓувреме, растот на кредитирањето на домаќинствата се искачи на 3,1% од 3% еден месец претходно.

Податоците исто така покажуваат дека годишниот раст на понудата на пари (М3) во еврозоната се зголеми од 9,5% на 10,4% во септември, главно како резултат на промените во државните заеми и депозити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП