2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААгресивната политика на Ердоган ја спушти турската лира на рекордно ниско ниво

Агресивната политика на Ердоган ја спушти турската лира на рекордно ниско ниво

Турската лира падна на историско најниско ниво од 8,15 лири за долар во услови на ескалација на тензиите меѓу Анкара и нејзините сојузници во НАТО, пред се Франција и Соединетите држави.

Аналитичарите велат дека „покажувањето мускули“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговите обиди да го демонстрира своето влијание во „жешките“ региони како Либија, Сирија, северен Кипар и Кавказ ги одбиваат инвеститорите од земјата.

Во меѓувреме, инфлацијата во Турција значително се забрза, достигнувајќи 11,7% во минатиот месец.

Централната банка одби да ја зголеми основната каматна стапка, што изврши дополнителен притисок врз лирата.

Од почетокот на годината, турската лира изгуби 26% од својата вредност, а државата потроши 134 милијарди долари од своите девизни резерви во обид да ја поддржи валутата.

На 23-ти октомври Ердоган потврди дека Турција го тестирала рускиот антиракетен систем „С-400“ и упати директни закани кон Соединетите држави, кои се спротивставија на договорот.

„Не знаете со кого имате работа. Наметнете санкции колку што сакате“, рече тогаш Ердоган.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека активирањето на системот „С-400“ може да има „тешки последици“ за односите Анкара-Вашингтон во областа на одбраната.

Европската унија е најголем трговски партнер на Турција, но овој месец европските лидери упатија строго предупредување до Ердоган во врска со неговите провокативни активности во врска со дупчење на природен гас во територијалните води на Кипар.

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ги критикуваше постапките на неговиот турски колега, а Ердоган, од своја страна, го обвини за нефер однос кон француските муслимани и им се придружи на повиците на арапскиот свет за бојкот на француските производи.

Коронавирусот исто така сериозно и нанесува штета на турската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП