26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈужна Кореја забележа најголем пораст на извозот од 1986-та

Јужна Кореја забележа најголем пораст на извозот од 1986-та

Рекордно брзиот раст на извозот на Јужна Кореја доведе до поголем скок од очекуваното во нејзината рецесија предизвикана од коронавирусот, како одраз на забрзаното закрепнување на светската трговија во услови на континуиран раст на бројот на заболени. Зголемувањето на извозот на земјата е најсериозен скок од 1986-та година, објави „Bloomberg“.

Бруто домашниот производ (БДП) на земјата се зголемил

за 1,9 проценти во периодот јули-септември во споредба со претходниот квартал, според Централната банка на Јужна Кореја. Економистите анкетирани од „Bloomberg“ очекуваа раст од 1,3% откако земјата забележа намалување во претходните два квартала.

Главниот придонес за силниот скок на извозот е побарувачката за микропроцесори и електроника од Кина и други големи пазари наспроти позадината на големата транзиција кон работа од дома. Добрите резултати ги поттикнуваат инвестициите во машини и опрема за транспорт потребни за поддршка на производството.

„Производството на Јужна Кореја останува неповредено од пандемијата, и сега кога развиените економии го рестартираат производството, Јужна Кореја добива се поголем замав“, изјави економистот Ох Џе-јонг од „KB Securities“.

Повисокиот од очекуваниот раст на БДП-то можеби помогна да се ограничи падот на вредноста на вонот на 0,1% во однос на доларот во вторникот, во услови на глобално расположение за намалување на ризикот. Приносот на 10-годишните јужнокорејски државни обврзници се искачи на 1,5%.

Јужна Кореја се опоравува од рецесијата, надминувајќи ги најразвиените земји, потпомогнати од обновување на извозот, мерките за економски стимул и релативно успешното ограничување на коронавирусот.

Зголемувањето на бројот на лица заразени со коронавирусот во текот на летните месеци во земјата, кое доведе до воведување на построги мерки за социјално дистанцирање, започна да слабее. Владата ја продолжи дистрибуцијата на купони за разни попусти, суспендирани за време на вториот бран на инфекции, со цел да ги охрабри трошењата за пазарање на домаќинствата.

Јужна Кореја влегува во фаза на закрепнување, благодарение на извозот во најголемите економии како Кина и зголемената побарувачка за технолошки производи, рече министерот за финансии Хонг Нам-ки. Тој додаде дека економијата можеше да порасне на околу 2,5% во последниот квартал ако бројот на заразени не се зголемеше повторно во август.

Извозот на земјата се зголемил за 16% во споредба со претходниот квартал, но закрепнувањето останува ранливо со нарушувањата во САД и Европа, каде коронавирусот продолжува да се шири побрзо. Зголемените тензии меѓу Соединетите држави и Кина и исходот од претседателските избори во САД исто така ја зголемуваат несигурноста за Јужна Кореја.

Аналитичарите од приватниот сектор очекуваат БДП-то на Јужна Кореја да се намали за цела година, првпат по азиската финансиска криза кон крајот на 90-тите, и покрај закрепнувањето во втората половина на 2020-та година.

Падот на инвестициите во градежниот сектор сериозно ја оптоваруваше економијата во третиот квартал, намалувајќи се за 7,8%, додека трошоците во приватниот сектор повторно паднаа за 0,1%. На годишно ниво, јужнокорејската економија се намалува за 1,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП