Шпанската влада денес ги објави плановите за зголемување на даноците за големите компании и луѓето кои заработуваат најмногу, со цел тие пари да ги вложат во социјална заштита и инфраструктура, како дел од планот за буџетот за 2021-ва година.
Шпанската економија претрпе тежок удар поради пандемијата на вирусот ковид-19 и се очекува да падне за 11,2 проценти во оваа година, но владата планира да го зголеми буџетот за 6,8 милијарди евра во следната година, што ќе им даде поголема моќ да најдат излез од оваа криза.

