26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтедилниците лани со профит од 211.000 евра

Штедилниците лани со профит од 211.000 евра

Двете штедилници во земјава кои имаат дозвола за работа од Народната банка, минатата година ја завршиле со добивка од 211.000 евра, покажуваат податоците на централната банка. Тие во 2019 година наплатиле речиси 3,7 милиони евра од камати и 130.000 евра од провизии и надоместоци.  Граѓаните зеле кредити од штедилниците вредни 26,5 милиони евра, а во двете штедилници чуваат заштеди од 14,5 милиони евра, покажува статистиката.

Билансот на состојба на штедилниците покажува дека лани штедилниците оствариле помала добивка од претходната 2018 година за над 81.000 евра. Но пораснала активата која достигнала 34,5 милиони евра, за разлика од 2018 година кога изнесувала 33,3 милиони евра.

Во 2019 година пораснала и сумата која штедилниците ја дале на граѓаните како кредити за 1 милион евра. А повеќе прибрале и депозити од граѓаните. Па така лани имале вкупно 26,5 милиони евра кредити кон домаќинствата, а во 2018 година тој износ бил 25,3 милиони евра. А за 500.000 евра пораснала и сумата на депозитите кои граѓаните ги чуваат кај нив, од 14 милиони евра во 2018 година, на 14,5 милиони евра лани.

Билансите на штедилниците покажуваат дека подобро им одело во годините пред 2016-та. Податоците на Народната банка покажуваат дека на пример во 2016 година профитот бил двојно повисок од лани и изнесувал речиси 570.000 евра. Тогаш имале издадени кредити на домажинствата од 29,3 милиони евра или безмалку 3 милиони евра повеќе од лани. А депозитите од граѓаните изнесувале 13,5 милиони евра, што е 1 милион евра помалку од лани. 

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП