25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПред да позајмите пари на некого…

Пред да позајмите пари на некого…

Пред да донесете одлука дали ќе му позајмите пари на некој роднина или пријател, запрашајте се зошто сте баш вие тој на кого му се јавиле за парична помош.

Можеби од вашиот начин на живот, од приватниот бизнис или автомобилот кој го возите заклучиле дека добро заработувате и дека можете да им позајмите пари.

Но, тие незнаат дали сте задолжен со кредити, колку навистина добро ви оди приватниот бизнис и дали воопшто имате пари на страна. Но, тоа сега не е толку важно, колку што е вашата одлука дали ќе позајмите пари или не.

Немојте да се изненадите ако приметите кај роднината нов мобилен телефон или ефект на естетска хирургија, а тоа е се од вашите пари кои сте му ги позајмиле за исплата на кредит за стан. Ништо необично и ако вашиот пријател го паркира новиот автомобил, за кои вели дека е купен „поволно“, а вие сте му ги позајмиле парите за покренување на нов бизнис. Сепак, не се сите позајмици на роднините и пријателите со ваков неочекуван исход.

Секако, секогаш два пати размислете пред да дадете пари некому во рака. Прво и најважно, а и себеси да се сочувате од каење и нервирање, добро прерачунајте дали овој одлив на пари од вашиот џеб ќе ви ја промени вашата финансиска состојба во случај парите да не ви ги вратат на време или никогаш. Како ваквиот исход ќе се одрази на вашиот роднински, односно, пријателски однос?

Размислете – постои ли друг начин на кој можете да им помогнете? Можеби да им понудите хонорарна работа, начин да заработат?

Ако сте решиле да позајмите, позајмете толку колку што сметате дека нема да ви предизвика финансиски шок доколку не ви ги вратат парите.

Бидете јасни и гласни кога ќе се договарате за роковите за враќање на позајмицата. Заедно напишете план за отплата.

Ако сепак доцнат со договорените отплати, повикајте ги и потсетете ги на ветеното без чувство на кривица и срам. Кој позајмил од вас, мора да знае дека сте во тек и ги следите договорените датуми.

Има луѓе кои си имаат правило, а тоа гласи: никогаш не позајмувај пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП