Сончево време со мала доумерена облачност, во западните делови и магла наутро по одделни котлини, најавуваат за денеска во земјава од УХМР. Според најавите, ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево со услови за слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 19 степени.

