20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтан во Солун за 300 евра квадрат

Стан во Солун за 300 евра квадрат

stan-solun

Цените на недвижностите во Грција продолжуваат да се намалуваат како резултат на економската криза.

Становите и куќите во Солун никогаш не биле поевтини, освен за време на германската окупација во Втората светска војна, кога можело да се купи стан во замена за кофа со нафта, како што тврдат локалните посредници.

Така сега, стан во Солун може да се најде за само 300 евра по квадратен метар, што предизвика голем интерес кај нашите купувачи, кои од 2011 година можат слободно да купуваат недвижен имот во таа земја.

Како што е соопштено од страна на “Нова Македонија”, нивен дописник во 2006 година известил дека во најатрактивниот дел од Солун, покрај море продал стан од 120 квадратни метри за 1,5 милиони евра, или 12.500 евра за метар квадратен, а неодамна на истото место купил стан со слична големина, по цена од 350.000 евра. Ова значи дека цената на становите е сега пет пати помала.

Како што одите поблиску до периферијата, становите се  поевтини, па нивната цена се движи од 700 до 800 евра по квадратен метар, објави весникот, додавајќи дека неодамна една скопјанка во предградието на Солун, купила два стана од 35 квадратни метри за 24.000 евра.

Становите со површина од 40 до 50 квадратни метри, се нудат по цена од 28.000 до 35.000 евра, што е многу поевтино од изградба на нова куќа која ќе чини 2.500 евра по квадратен метар, според агентите за посредување.

Колку се куќите и становите постари, тие се поевтини, бидејќи сопствениците најчесто неможат повеќе да ги одржуваат, но може да се најдат и станови во многу добра состојба по пристапни цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП