11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците со пониски плати и повисоки даноци

Грците со пониски плати и повисоки даноци

grcija11

Платите и пензиите во Грција за само една година се намалиле за 18 отсто, додека данокот што граѓаните треба да го плаќаат се зголемил за 52 проценти.

Според податоците од Министерството за финансии, 4.8 милиони вработени и пензионери пријавиле вкупно приходи за 2011 година во просек од 14.640 евра годишно, што е за 17.8 отсто помалку во однос на претходната година.

Спротивно на тоа, просечниот данок е зголемен за 52 проценти, од 1091 до 1654 евра од годишните приходи. Тоа потврдува дека се “на удар”  даночните обврзници кои не можат да избегнат плаќање давачки за нивниот главен приход, плата или пензија.

Речиси една четвртина од даночните обврзници, односно 1.1 милион пријавиле годишен приход од помал од 6.000 евра, што е под “линијата на сиромаштија”, која изнесува 7.178 евра за едно лице.

Ситуацијата е уште полоша за самостојните вршители на дејност во Грција. Нивното намалување во приходите беше 38,48 отсто, што изнесува во просек од 19.880 евра за цела година. Од таа причина и данокот им се намалил за 17,70 отсто.

Владата во почетокот на 2013 година го зголеми данокот на самостојните вршители на дејност, кои важат за “шампиони за даночно затајување”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП