26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДебитираше новиот „Hummer“ со 1.000 eлектрични „коња“ (ФОТО/ВИДЕО)

Дебитираше новиот „Hummer“ со 1.000 eлектрични „коња“ (ФОТО/ВИДЕО)

Речиси една деценија откако беше прекинато производството на претходната генерација, претставен е новиот „GMC Hummer“.

Познатиот теренец воскресна како електрично возило, со препознатливиот, но модерен дизајн.

Карактеристичната „Hummer“ предна маска е стилизирана и доби „LED“ светлосен потпис, додека силуетата на возилото потсетува на претходникот.

Покривот е дизајниран така што неговите проѕирни панели може да се отстранат и да се сместат во предниот багажен простор.

Во тој случај, „Hummer“ потсетува на „Jeep Gladiator“, само без можност за навалување на шофершајбната.

Со оглед дека станува збор за класичен теренец, возилото стандардно е опремено со специјални, 35-инчни „Goodyear Wrangler All Territory MT“ бандажи, a „Hummer“ е во состојба да совлада препрека од длабочина од 610 mm.

Доколку тоа не е доволно, на располагање се и изборни 37-инчни гуми.

Внатрешноста на возилото е едноставен, класичен дизајн со правоаголни елементи и модерни содржини, како дигитална иструмент табла со дијагонала од 12,3 инчи и огромен екран за мултимедијалниот систем од 13,4 инчи.

На поголемиот дисплеј се прикажува и слика од една од дури 18-те камери со кои е опремен новиот „Hummer“.

Купувачите на располагање ја имаат и најновата верзија на „Super Cruise“ полуавтономиот систем за возење, кој на возачите им овозможува да ги тргнат рацете од воланот на преку 320.000 km компатибилни авто-пати ширум САД и Канада за кои е проектирана оваа технологија.

Една од најзначајните новитети на „Hummer“ зa 2021-ва е неговиот електричен погон.

Возилото го придвижуваат три електромотори со вкупна комбинирана моќ од 1.014 KS (746 kW), додека максималниот вртежен момент е 15.592 Nm.

Благодарејќи на овие спецификации, „Hummer“ e во состојба да забрза од 0-60 милји на час (0-96 km/h) зa oколу 3 секунди!

Со полни батерии возилото може да мине преку 350 милји (563 km), пред да престане да вози.

„Hummer“ располага со капацитет на полнење од 350 kW, a производителот тврди дека возилото може да се дополни за десетина минтуи доволно да помине дополнителни 160 km.

„Hummer“ e опремен и со адаптивна возушна суспензија, помош со која автомобилот по потребна може да се подигне до 150 mm.

Новиот „GMC Hummer“ ќе започне да се продава во 2021-ва година, со пакетот „Edition 1“, по цена од 112.595 долари.

Подоцна ќе пристигне и поевтина верзија со послаба погонска конфигурација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП