21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина подготвува нов петгодишен економски план

Кина подготвува нов петгодишен економски план

Кинеските власти денеска започнаа четиридневен состанок за развој на план за економијата на земјата во следните пет години и зацртани развојни цели до 2035-та година.

14-тиот петгодишен план најверојатно ќе се фокусира на економска самодоволност, технолошка иновација и почиста околина.

Кина продолжува да ја следи идејата за таканаречениот двоен циклус, чија цел е зајакнување на нејзината економска самодоволност, притоа продолжувајќи да има корист од глобализацијата.

Претседателот Си Џинпинг прочита работен извештај на отворањето на пленарната седница на Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија, објавија државните медиуми.

Сесијата ќе трае до четврток, 29-ти октомври, но донесените одлуки не се очекува да бидат објавени до следната парламентарна седница, која обично се одржува во март.

Средбата ќе работи во услови на зголемени тензии околу трговијата, човековите права и пандемијата на коронавирусот меѓу Пекинг и САД, Австралија и другите западни земји.

Бидејќи САД, Европа и другите делови на светот минуваа низ вториот бран од пандемијата, Кина беше во можност во голема мера да ја контролира инфекцијата, дозволувајќи и на националната економија да започне да се опоравува. Бруто домашниот производ на земјата се зголеми за 4,9% во третиот квартал на годишно ниво по историскиот пад од 6,8 проценти во првите три месеци од 2020-та година и растот од 3,2 проценти во вториот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП