29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗабавен растот на профитот на Swatch

Забавен растот на профитот на Swatch

sat

Најголемиот светски производител на часовници „Swatch“ имаше забавен раст во профитот во првата половина од годината, но тој и натаму е над очекувањата на аналитичарите.

Компанијата која во последните неколку години ги навикна инвеститорите на двоцифрен раст, пријави скок на нето-профитот од 6.1 процент или односно 768 милиони франци (622 милиони евра) во првите шест месеци од 2013-та година и раст на продажбата од 8.7 проценти, односно 4.1 милијарди франци.

Во соопштението од компанијата се наведува дека станале жртва на сопствениот минатогодишен успех, оценувајќи го последниот профит како слаб во споредба со многу силното работење од првата половина на минатата година.

Нето-профитот исто така беше малку повисок во однос на прогнозата на аналитичарите од 733 милиони франци, додека продажбата е во согласност со нивните очекувања.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП