26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнализа: Скратената постапка во практиката не ги даде очекуваните резултати

Анализа: Скратената постапка во практиката не ги даде очекуваните резултати

Скратената постапка во практиката не ги даде очекуваните резултати во однос на подобрување на ефикасноста на постапката, па честопати нивниот тек и траење воопшто не се разликува од оној на редовните постапки, се оценува во анализата „Долгиот пат до правдата во скратената постапка“ изработена од Коалиција „Сите за правично судење“.

Анализата ги разработува како практични примери судењата по предметите „Тамара“, „Мариглен“ и „Насилство во општина Центар“.

– Наведените примери укажуваат на инертност во постапувањето по предметите во скратена
постапка, наместо искористување на предностите на истата воведени токму заради остварување на правото на правично и фер судење, се оценува во анализата.

Скоро во секој трет случај постапките пред судовите во Република Северна Македонија траат предолго, покажува последниот извештај за работата на Врховниот суд во текот на 2019 година.

– Врховниот суд во текот на 2019 година, Одделот за судење во разумен рок во работа имал вкупно 606 предмети, од кои 429 биле решени, а 235 останале нерешени. Од решените предмети во 2019 година, Врховниот суд во 165 случаи или 38,46 проценти утврдил повреда на правото на судење во разумен рок, додека во 203 предмети, или 47,32 отсто барањето за заштита на правото на судење во разумен рок било одбиено како неосновано, се наведува во анализата.

Целата анализа „Долгиот пат до правдата во скратена постапка“ е достапна тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП