16 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПретпазливо: Работи за кои не треба да зборувате!

Претпазливо: Работи за кои не треба да зборувате!

Некои работи во животот едноставно треба да ги премолчиме и да не ги споделиме со никого. Тоа особено важи за деловните соработници, шефовите и колеги, тие не мора да знаат се што се случува со нас. Доколку често ги раскажувате сите ваши нешта, кажувате што ви се случува дома, колку обврски имате, како ги завршувате, какво е вашето здравје, каде јадете, каде излегувате, каде спиете….. лицата можат погрешно да ве сфатат и за вас да изградат несоодветно мислење, затоа едноставно премолчете, овие информации не се за сите. Ова е многу корисен совет и во секојдневната комуникација со претпоставените.

Не зборувајте за својот приватен бизнис или за паралелните проекти кои ги работите по работното време.

Никогаш не се знае кој кого ќе сретне и види и кој со кого ќе влезе во бизнис. Светот е мал.

Не се жалете

Доколку сте уморни и мамурни поради претходно лудо поминатата ноќ а тоа не можете да го сокриете, барем немојте да се жалите. Не е убаво да зборувате за тоа како сте спиеле неколку часа – во превод, едвај сте способни да си ги завршите дневните обврски.

Непотребни детали

Ако сте се разболеле или ви е потребен слободен ден за да направите некои здравствени анализи, тоа е добро. Но, на вашиот шеф не му се потребни детали за вашата здравствена состојба и од резултатите кои сте ги добиле.

Ако сте погрешиле

Никогаш не кажувајте колку сте погрешиле. Не треба да лажете или кривицата да ја префрлате на други, но ако е голема грешка во прашање, прескокнете ги деталите.

Точно е тоа дека отворен и искрен разговор е темел за добра соработка, но некогаш поголема е штетата ако ги кажете сите детали отколку мудро да си премолчите, со цел да останете со шефот во здрав деловен однос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП